МИХАНОВИЌ, Антун (Антун Михановиц) (Загреб, Хрватска, 10. Ⅵ 1796 – Нови Двори, Хрватска, 14. Ⅺ 1861) – предвесник на хрватската национална преродба, познат колекционер на старите словенски ракописи. Во својство на австриски конзул престојува и во Солун (ок. 1840), од каде што ги посетува манастирите во Македонија и на Св. Гора и оформува збирка што содржи српски и македонски ракописи по потекло главно од северномакедонските и од светогорските манастири. Михановиќевата збирка (38 кирилички ракописи) се чува во Загреб, Архив на ХАЗУ. ЛИТ.: В. Мосин, Цирилски рукописи Југославенске академије, Идио, Загреб, 1955, Ⅱ дио, Репродукције, Загреб, 1952; истиот, О подријетлу Михановицеве цирилске збирке, „Слово“ 4–5, 1955, 71–84. Зд. Р. Витомир Мицев МИЦЕВ, Витомир Димитров