МИХАЈЛОВСКИ, Бранко

МИХАЈЛОВСКИ, Бранко (Скопје, 2. И 1924 – Скопје, 27. Ⅳ 2000) – снимател, доајен на филмската камера во Македонија. Се образувал во Првата машка гимназија во родниот град, а потоа го совладува фотографскиот занает. По војната завршува Висока филм-ска школа во Белград. Од 1947 г. работи во продуцентската куќа „Вардар филм“. Има реализирано над 100 документарни филмови, а бил директор на фотографија во дваесетина играни и кратки филма. Освен како снимател, се појавува и како режисер на неколку документарни филмови. Иг. Ст.