МИХАЈЛОВСКИ ГРУИЦА, Кирил

МИХАЈЛОВСКИ ГРУИЦА, Кирил (Виница, 1916 – Белград, 20. Ⅴ 1991), припадник на младинското и комунистичкото движење, учесник во НОВ, воен раководител, народен херој (1953). Член е на СКОЈ од 1938, а на КПЈ од 1941 г. Пред војната повеќепати бил затворан за политичка активност против државата. Тој е учесник во НОВ од 1941 г. Се борел во партизански единици во Србија, како командант на баталјон, комесар на Првата јужноморавска бригада. Во Македонија бил комесар на Третата македонска бригада, командант на 51-вата дивизија и командант на Штипската воена област. Делегат на Првото заседание на АСНОМ. По војната заземал високи раководни функции во ЈНА. ИЗВ.: ДАРМ, Фонд: 427 – ЦК на КПМ/СКМ. Партиски досиеја на носители на „Партизанска споменица 1941“. Досие на добиени споменици 1941, бр.411. М. Мих. МИХАЛИЌ, Славко (Карловац, 16. Ⅲ 1928 – 5. Ⅱ 2007) – најистакната поетска личност во современата хрватска поезија, која со богат поетски речник, со нова метафорика и со уверливи зборови говори за непосредните проблеми на секојдневјето. Искрен е и уверлив кога пее за личните и социјалните мотиви, ис-то како и кога третира сложени филозофски теми. Добитник на Златниот венец на СВП во 2002 г. БИБ.: Камерна музика, 1954; Пат во непостоење, 1956; Дарежливо прогонство, 1959; Годишно време, 1961; Последната вечера, 1969; Тивки клади, 1985; Кадифена жена, 1993; Акордеон, 2000. ЛИТ.: Г. Тодоровски, Поетот чудотворец, „Поезија“, СВП, Струга, 2002. П. Гил.