МИХАЈЛОВИЌ, Јосиф

МИХАЈЛОВИЌ, Јосиф (с. Тресонче, 28. Ⅳ 1887 – Скопје, 11. Ⅲ 1941) – архитект и урбанист. Градоначалник на Скопје од 1929 г., со мал прекин до 1941 г. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничката висока школа во Бел-град (1910). Студиите по урбанизам ги продолжил во Англија и во САД, каде што работел како архитект 10 години. Во белградската фирма „Феникс“ се вклучил во изградбата на железничките пруги Ужице – Сараево и ВелесПрилеп. Од 1929 г. бил претседател на Скопската општина, кога го изработил и Генералниот регулационен план на Скопје, усвоен во 1930 г. Се занимавал и со архитектонско проектирање. ПознаЈ. Михајловиќ, зградата на Црвениот крст во Скопје чајни реализирани објекти: зградата на Црвениот крст во Скопје (1930), сопствената индивидуална куќа во Скопје (1939); Фабриката за текстил во Скопје (1939). Во обликувањето на зградата се инспирира од народната архитектура. Како претседател на Општината преземал значајни градежни комунални потфати – изградба на термоцентралата и хидроцентралата „Матка“ на р. Треска, водоводот „Рашче“, уредување на улици. Биле изградени и повеќе јавни објекти: училишта, општински згради, Народната банка, Трговско-индустриската комора, Железничката станица, Бановината (денес Собрание на РМ). За заштита на Скопје од поплава од водите на реката Вардар, го изградил насипот во Градскиот парк, ја извршил и регулацијата на р. Серава. Се занимавал и со публицистика. ЛИТ.: К. Томовски, Архитект Јосиф Михајловиќ (1887–1941), во: Архитектурата на почвата на Македонија од средината на ⅩⅠⅩ до крајот на ХХ век. Прилози за проучувањето на историјата на културата на почвата на Македонија, 14, Скопје, 2006, 85-88. Кр. Т. Сава Михајлов -Савата