МИХАЈЛОВ, Драган

МИХАЈЛОВ, Драган (Скопје, 2. И 1949) – ред. проф. на ЕТФ во Скопје. Докторирал на одделот за биокибернетика на ЕТФ во Љубљана (1979). Работел во Математичкиот институт со нумерички центар (1973–1983). Од 1983 на ЕТФ во Скопје. Престојувал на Универзитетот во Загреб (1974) и во Љубљана (1978) и на одделот за биоматематика на Универзитетот на Калифорнија, Лос Анџелес во САД (1984/85). Области на интерес: апликативен софтвер, компјутерска графика, мултимедија и биокибернетика. Објавил голем број трудови и учествувал и раководел голем број научни и стручни проекти. Награден е за најдобар труд по биокибернетика на ЕТАН. Др. М. Иван (Ванчо) Михајлов