МИТРОВИЌ, Миодраг

МИТРОВИЌ, Миодраг (Вршац, Србија, 11. Ⅷ 1948) – архитект. Дипломирал на Архитектонскоградежниот факултет во Скопје (1973). Се занимава со архитектонско проектирање. Посебно внимание посветил на станбената дови и универзитетски учебници. проблематика и реализирал повеќе станбени комплекси, станбени згради и индивидуални куќи. Позначајни реализации: Еуротел во Струга (1981); станбени кули „Три бисери“ во Скопје (1982); станбен блок на бул. „Партизански одреди“ во Скопје (1986); Вила „Марко“ во Скопје (1995, за која ја доби Големата награда на САМ). Кр. Т. Јордан (Данчо) Митровски