МИТРОВ, Тодор

МИТРОВ, Тодор (с. Миравци, Гевгелиско, 17. Ⅱ 1926) – редовен професор на Градежниот факултет – Скопје. Дипломирал на Рударско-геолошкиот факултет – Белград (1953). Се вработил на Градежниот факултет – Скопје (1956) како асистент, а потоа како доцент, вонреден и редовен професор држел настава по предметите хидрогеологија, инженерска геологија и механика на почви и карпи, сè до неговото пензионирање (1988). Бил проректор на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Покрај педагошката активност, неговата научна дејност би-ла насочена во реализација на голем број научно-истражувачки проекти од областа на хидрогеологијата, геотермијата и инженерската геологија, а резултатите ги презентирал на конгреси, симпозиуми и ги публицирал. Н. Дум.