МИТРИНОВИЌ, Драгослав С

МИТРИНОВИЌ, Драгослав С. (Смедерево, 23. Ⅵ 1908 -Белград, 2. Ⅳ 1995) – математичар, член на МАНУ (1991) надвор од работниот состав, ред. проф. (1956) на ЕТФ во Белград. Завршил (1932) студии по математика, а докторирал (1933) на Филозофскиот факултет во Белград со тезата „Истражувања за една важна диференцијална равенка од прв ред“. До 1946 работел како професор во гимназија, а во ноември 1946, од Матичната комисија на Филозофскиот факултет бил именуван за вонреден професор. Од 1951 е вонреден, а од 1956 редовен професор на ЕТФ во Белград. Тој е основоположник на Математичкиот институт и високошколската настава по математика во РМ и автор на огромен број научни тру-БИБ.: Учебници: Зборник математичких проблема са прилозима у нумеричким таблицама (три тома), Београд, 1957– 1960; Д. С. Митриновиђ, Д. Михајловиђ, Линеарна алгебра – Аналитичка геометрија – Полиноми (во подоцнежните изданија – и П. Васиђ), Београд, 1959; Д. С. Митриновиђ, Д. ™окови¢, Специјалне функције, Београд, 1964; Комплексна анализа, Београд, 1967; Д. С. Митриновиђ, Ј. Кечкиђ, Једначине математичке физике, Београд, 1972. Монографии: Д. С. Митриновиќ, Е. С. Барнес, Д. Ц. Б. Марсх, Ј. Р. М. Радок, Елементарѕ Инељуалитиес, Гронинген 1964; Неједнакости, Београд, 1965; Д. С. Митриновиќ, Р. Б. Поттс; Елементарѕ матрицес, Гронинген, 1965; Д. С. Митриновиќ, Ј. Улчар, Дифферентиал геометрѕ, Гронинген, 1969; Д. С. Митриновиќ, П. Васиќ, Аналѕтиц Инељуалитиес, Спрингер Берлин-Хеиделберг-Нењ Ѕорк, 1970. ЛИТ.: Драгослав С. Митриновиќ – живот и дело, Математички факултет, 1980; Развој и состојба на математичките науки во СР Македонија, МАНУ, 1987; ПМФ–Скопје 1946–2006, монографија, Скопје, 2006. Н. Ц. Боро Митриќески во своето ателје