МИТРИЌЕСКИ, Боро

МИТРИЌЕСКИ, Боро (Прилеп, 10. Ⅴ 1927) – скулптор, член на МАНУ. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Загреб (1954). Член на групата Мугри. Самостојно излагал во Скопје, Нови Сад, Загреб, Бел-град, Виена, Елванген. Извел повеќе споменички дела (скулптура од метал во Железарница, Скопје, Б. Митриќески: Марко Цепенков, скулптура (во дрво) 1967 споменик на К. П. Мисирков во Скопје, 2007). Антропоморфните скулптури (актови, торза, портрети) се одликуваат со блага експресивност и стилизација (Портрет на Драгутин Аврамовски–Гуте, 1960). М. Б.-П.