МИТРЕВСКИ, Трајан

МИТРЕВСКИ, Трајан (Битола, 1874 – ?) – учесник во Илинденското востание, битолски војвода. Во редовите на МРО влегол во 1895 г. Првин стапил во четата на војводата Јордан Пиперката во Демирхисарско. Во Илинденското востание бил војвода во с. Слепче, Демирхисарско. По востанието дејствувал во четите на повеќе македонски војводи (во Кичевско, Битолско, Демирхисарско, Велешко). Учествувал во борбите на Ножот (1907). ИЗВ.: Спомени и биографии на илинденци, Битола, 1993. Ал. Тр.