МИТРЕВСКИ, Никола (с. Старавина, Битолско, 1947) – историчар на уметноста. Основно и гимназиско образование завршил во Би-Никола Митревски тола, а потоа дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје – Група за историја на уметноста (1982). Во текот на тие студии апсолвирал и на Институтот за класични студии. Првин работел во Центарот за современа уметност при Народниот музеј во Прилеп (1975–1980), а потоа преминал во Институтот за старословенска култура во Прилеп, каде што бил избран во звањата стручен соработник (1982) и виш стручен соработник (1988). По одбраната на магистерската тема „Манастирот Свети Никола во село Слепче кај Прилеп“ на Филозофскиот факултет – Група за историја на уметноста во Белград (1994) бил избран во звањето асистент истражувач, а по одбраната на докторската дисертација на тема „Фрескоживописот во Пелагонија од средината на ⅩⅤ до крајот на ⅩⅤⅠⅠ век“ на Филозофскиот факултет во Скопје (2000) бил избран во звањето научен соработник и подоцна во виш научен соработник (2003) и во научен советник (2006). Бил секретар за научна координација и секретар на Издавачкиот совет на Институтот (1984–1990), секретар на Југословенскиот национален комитет на Меѓународната унија за словенска археологија и технички секретар на Реалната енциклопедија на Југоисточна Европа за Југославија (1984–1988), потпретседател (2001–2003) и претседател на Советот на Институтот за старословенска култура во Прилеп (од 2004), член (од 2004) и заменикпретседател на Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола (од 2006). С. Мл.