МИТКОВ, Пантелеј (Охрид, 24. Ⅶ 1929) – архитект и урбанист. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1955). Докторирал на Природно-математичкиот факултет (1980). Како проектант работел во Републичкиот завод за ур-Пантелеј Митков банизам во Скопје и во Институтот за просторно планирање во Охрид. Претежно се занимавал со просторно и урбанистичко планирање, а се пројавува и како архитект проектант. Позначајни реализирани објекти: хотелот „Астра“ во месноста Св. Стефан во Охрид (1956); Студентско одморалиште во Охрид (1963); хотелот „Десарет“ во Пештани (1971). Од областа на урбанизмот: деталниот урбанистички план на стариот дел од градот Охрид (1967). Ја раководел изработката на Просторниот план на Македонија (1982). Кр. Т. Димитар Митрев МИТРЕВ, Димитар Анастасов