МИТКОВ, Владимир

МИТКОВ, Владимир (Кавадарци, 20. Ⅹ 1931) – универзитетски професор, правник, државник. Основно и средно образование завршил во родниот град, а Правен факултет во Скопје (1954). Докторирал на Правниот факултет во Скопје, со одбрана на докторската дисертација „Установи на општествените служби“ (1964). Избран за асистент на Правниот факултет во Скопје по предметот уставно право (1960), за доцент по предме-Владимир Митков тите општествено-политичкиот систем на СФРЈ и комуналниот систем на СФРЈ (1965), за вонреден (1970) и за редовен професор (1975). Бил член на Извршниот совет на СРМ (1974–1982), пратеник во Соборот на општините во Собранието на СРМ (1969–1974), судија (1983) и претседател на Уставниот суд на СРМ (1984–1986), член на Претседателството на СРМ (1986–1989) и претседател на Претседателството на СРМ (1990). Објавил повеќе учебници и научни трудови од областа на политичкиот и комуналниот систем и за локалната самоуправа. БИБ.: Основи на комуналниот систем и комуналната политика, Скопје, 1978; Основи на општествено-политичкиот систем на СФРЈ, Скопје, 1989. ЛИТ.: Македонија од АСНОМ до денес, Скопје, 2005. Св. ш.