МИРОВЕН ПРОЦЕС НА НАТО ВО РМ

МИРОВЕН ПРОЦЕС НА НАТО ВО РМ – започнува непосредно по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор (13. Ⅷ 2001) и врз основа на согласноста на страните на Рамковниот договор за поканување на НАТО, ЕУ, ОБСЕ и други релевантни меѓународни актери да го поттикнат, да го помогнат и да го олеснат процесот на надминување на последиците од војната во 2001 г., на 14. Ⅷ 2001 г. кога Северноатлантскиот совет носи одлука за почеток на операцијата за разоружување „Суштествена жетва“, односно Владата на РМ (15. Ⅷ 2001) за распоредување на НАТО „Наменски сили жетва“ во РМ и трае до 31. Ⅲ 2003 г., кога ЕУ го презема воениот дел од веќе постојната мисија на НАТО „Сојузничка хармонија“, со што почнува сосема нова мисија, воопшто прва воена мисија на ЕУ „Конкордија“. ЛИТ.: Сашо Додевски, Присуство на меѓународни вооружени сили во Македонија во текот на ⅩⅩ век, Скопје 2004. Т. Петр. Предавање на командата на „Конкордија“ (30 Ⅸ 2003)