МИЛУТИНОВИЌ, Зоран

МИЛУТИНОВИЌ, Зоран (Скопје, 18. ⅩⅠⅠ 1950) – афирмиран научен работник во областа на земјотресното инженерство, по менаџмент на катастрофи и за стратешко планирање. Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје (1976), магистрирал во ИЗИИС (1982). Докторирал на Универзитетот во Кјото, Јапонија (1986); избран за редовен професор (1992); професор на универзитетите во Кобе (1994) и во Кјото (2001), Јапонија. Раководител на поголем број меѓународни проекти, експерт на ООН и на Советот на Европа. Автор и коавтор на преку 340 научни и стручни трудови, член на редакциски одбори на повеќе меѓународни списанија. К. Тал.