МИЛОШОСКИ, Антонио

МИЛОШОСКИ, Антонио (Тетово, 29. И 1976) – политичар, актуелен министер за надворешни работи на Република Македонија. Матурирал во гимназијата „Мирко Милевски“ во Кичево (1994), дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1999) и магистрирал по Евроинтеграција на Универзитетот „Фридрицх Њилхелм“ во Бон (Германија, 2001&2002), а станал докторант (од ноември 2002) на политички науки и научен соработник (од април 2005) на Институтот за политички науки на Универзитетот „Герхард Меркатор“ во Дуизбург (Германија). Во неговиот политички ангажман бил член на Извршниот комитет (1995&1997) и потпретседател на Унијата на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ (1997 &1998), еден од основачите на здружението на граѓани Младински евроатлантски форум – МЕАФ со седиште во Скопје, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ (2005&), шеф на Кабинетот на потпретседателот на Владата на РМ (1999 &2000) и портпарол на Владата на РМ (мај 2000 – септември 2001). На парламентарните избори е избран за пратеник (5. Ⅶ – 26. Ⅷ 2006) и потоа за министер за надворешни работи на РМ (27. Ⅷ 2006). Член е на германското академско здружение „Сüдостеуропа Геселсхафт“, кое ги проследува политичко-економските збиднувања во Југоисточна Европа. Се пројави и како колумнист на дневните весници „Дневник“ (јануари-мај 2000) и „Утрински весник“ (2002&2004). С. Мл. МИЛУТИН Стефан Урош Ⅱ (? – Неродимле, 1321) – српски крал (1282– 1321), син на Урош И. Ја издигнал Србија економски и поли-Кралот Милутин Стефан Урош Ⅱ тички и ги проширил нејзините граници. Во војната со Византија освоил делови од Северна Македонија (Скопје, Полог, Овче Поле, Пијанец, Злетово, Кичево, Порече, Дебар). Се оженил со малолетната византиска принцеза Симонида (1299). Градел и обновувал цркви и манастири. Од црквата бил прогласен за светител. ЛИТ.: С. Станојевиђ, Краљ Милутин, ГНЧ (Годишњица Николе Чупиђа, ЏЛВИ (1937). К. Аџ. Ктитор на обновувањето на црквите „Св. Богородица Троерачица“ (Скопје), „Св. Никита“ (с. Бањани, Скопско) и „Св. Ѓорѓи“ (с. Старо Нагоричане, Кумановско). Во црквата во Старо Нагоричане, живописана од познатите средновековни зографи Михаил и Евтихиј (1317/18), е зачувана ктиторската композиција со ликовите на кралот Милутин, кој, облечен во свечен дивитисион, в раце го држи моделот на храмот, и младата кралица Симонида, облечена во свечена кралска одора. Патронот на црквата („Св. Ѓорѓи“) му подарува меч на ктиторот, кралот Милутин, во знак на победата над Турците. ЛИТ.: Арх. Данило, Животи краљева и архиепископа српских, Београд, 1935; В. Ј. ™уриђ, Византијске фреске у Југославији, Београд, 1974; Б. Тодиђ, Старо Нагоричино, Београд, 1993; З. Расолкоска-Николовска, Ктиторскиот портрет во ѕидното сликарство во Македонија, Цивилизации на почвата на Македонија, 2, МАНУ, Скопје, 1995. З. Р.-Н.