МИКРОСАМ , АД

МИКРОСАМ“, АД – приватна акционерска компанија, основана во 1990 г. во Прилеп со главна активност – дизајнирање и производство на компјутерски контролирани машини, опрема и софтвер-апликации за индустриски цели. Производите на „Микросам“ наоѓаат примена во индустријата за композитни материјали, индустријата за мермер, дрвопреработувачката и металопреработувачката индустрија, обработката на стакло и во многу други подрачја. „Микросам“ е производител на првиот македонски индустриски робот со 6 оски на контрола. За своите достигнувања е добитник на голем број награди, меѓу кои Златен медал од Светската организација за иновација на Интернационалниот саем на иновации, истражување и нови технологии. Своите производи „Микросам“ ги продава на пазарите во Западна и Источна Европа, на Балканот и во Кина. Др. М.