МИКЛОШИЧ, Франц

МИКЛОШИЧ, Франц (Миклошич, Франц) (Радомершчак крај Љутомер, 20. Ⅺ 1813 – Виена, 7. Ⅲ 1891) – словенечки лингвист, славист, еден од основачите на славистиката како научна дисциплина. Според некои негови констатации, приврзаник на таканаречената панонска хипотеза за потеклото на староцрковнословенскиот јазик, чиј автор е Копитар. Во студијата Гесцхицхте дер Лаутбезеицхнунг ин Булгарисцхен (Денксцхрифтен дер Кеисерл. Акад. дер Њиссенсцхафтен, Пхилос. хист. цл. Бд. 34, Њиен, 1884) дава преглед на најважните фонетски особености на македонските дијалекти (сп. Б. Видоески, Прилог кон библиографијата на македонскиот јазик, Скопје, 1953, 67). ЛИТ.: Миклошичев зборник (Меднародни симпозиј в Лјублјани од 26. до 28. јунија 1991), САЗУ, Лјублјана, 1992. З. Т. Миколошката лабораторија при ПМФ во Скопје