МИЈАЧИЈА – област во западниот дел на РМ. Ги зафаќа подрачјата Долна Река и Мала Река. Овде има 23 мијачки села што се наоѓаат на западните и југозападните падини на планината Бистра и во долината на реката Радика. Во селата од Мала Река живеат Мијаци, православни Македонци, а во Долна Река Мијаци–Торбеши, кои се исламизирани Македонци. Во минатото големи мијачки села биле Галичник и Лазарополе, а денеска тоа се Скудриње и Ростуше. До доаѓањето на Карта на Мијачијата Турците сите Мијаци биле православни Македонци. Исламизацијата започнала во втората половина на ⅩⅤⅠ в. Во ⅩⅤⅠⅠⅠ в. започнува иселувањето на Мијаците од матичниот предел во други краеви во Македонија. Тогаш се формирани селата Ореше и Папрадиште (Велешко), Ехловец (Кичевско), Смилево (Демирхисарско), а еден дел од нив се населиле и во Крушево. Покрај Мијаците христијани, се иселувале и Мијаците Торбеши. Тие се преселиле во скопскиот предел Торбешија, како и во велешките села Горно Врановци, Мелница и Согле. Живеејќи во компактни селски средини тие успеале да ги зачуваат своите етнички карактеристики, како јазикот, обичаите, фолклорот и сл. Населението во мијачкиот крај отсекогаш се занимавало со сточарство. Во последните години луѓето масовно заминуваат на работа во странство и тоа посебно во Италија. ЛИТ.: Г. ТраŸчев, Ми®ци, Софи®, 1941; Т. Смиљани¢, Мијаци, Горна Река и Мавровско Поље. Насеља и порекло становништва, књ. ⅩⅩ, Београд. Ал. Ст.