МЗТ ХЕПОС А

МЗТ „ХЕПОС“ А.Д. – Скопје – специјализиран производител на системи за сопирање на шински возила. Основан е во 1953 г.. Организациски МЗТ „ХЕПОС“ претставува заокружена технолошка целина. Во производствената програма значително место заземаат уредите што се произведуваат според лиценци на фирмите: „Ерликон“, „САБ“ и „штабег“. Од 1982 г. во развојните одделенија и истражувачките лаборатории е развиена нова генерација на софистицирани пневматски и механички уреди со висок квалитет (ИСО 9001-2000), а во 2003 г. од страна на УИЦ (Меѓународна унија на железници) е верификуван брендот МХ (МЗТ „ХЕПОС“) како оригинален систем за сопирање што е во употреба во меѓународниот железнички транспорт. По преземањето од страна на „Поли Спа“ – Италија, двете фирми со заеднички настап на светскиот пазар заземаат значајно учество во пласманот на комплексни сопирачки системи за електромоторни и дизелмоторни возови, локомотиви за патнички и товарни вагони и метро возила. Сл. А.