МЕЧКИН КАМЕН – месност близу до Крушево, каде што се водела голема битка за одбрана на градот (1903). Востаници од одредот на војводата Питу Гули со часови ја задржувале османлиската војска и башибозукот. Во жестоката битка загинале околу 45 востаници, заедД. Тодоровски: Споменик на четата на Питу Гули, на Мечкин Камен, Крушевско но со војводата Питу Гули. Османлиските загуби биле огромни. По пробивот на Мечкин Камен османлиските сили на 13. Ⅷ 1903 го зазеле Крушево. Градот бил гранатиран, запален и ограбен. ЛИТ.: Историја на Крушево и Крушевско, Крушево, 1978; А. Трајановски, Учеството на селанството од Крушевско во Илинденското востание. зб. Прилози за Илинден, В, Битола–Крушево, 1983; К. Топузоски, Мечкин Камен, Крушево, 1986. Ал. Тр.