ТОПАЛОВ, Георги

ТОПАЛОВ, Георги – Дедо Ѓорѓи (с. Горно Драглиште, Разлошко, 1893 – м. Равен, Разлошко, 16. Ⅴ 1944) – истакнат револуционер од Пиринскиот дел на Македонија. Бил учесник во Септемвриското востание (1923). Емигрирал во Советскиот Сојуз и од таму се вратил (1937). Во партизанското движење во Пиринскиот дел на Македонија бил заедно со своите двајца синови Димитар и Иван и со ќерката Надежда – најмладата партизанка (1943), политички раководител во Разлошкиот партизански одред „Никола Парапунов“, заменик полит. комесар на Ⅳ ВОЗ. Загинал во битката кај м. Равен. ЛИТ.: Георги Джоджов (Драго), За кого пеят мурите, София, 1971; БезсмÍртните 1922/1944, зб.: Загинали в борба против капитализма и фашизма от Благоевградски окрÍг, София, 1971. В. Јот.