МЕХМЕДИ, Мехмед Даути (с. Зајас, 1911 – с. Букојчани, Кичевско, јули 1945) – земјоделец, делегат на Второто заседание на АСНОМ. Бил учесник во НОБ (од летото 1943) и ранет во Мавровско како борец на Групата баталјони на НОВ и ПОМ. По оздравувањето станал борец на Седмата македонска шиптарска НО бригада. Бил убиен во балистичка заседа на враќање од Второто заседание на АСНОМ, заедно со де-Мехмед Мехмеди легатот на АСНОМ Реџо Рушит Лимани (Зајази). ЛИТ.: Слободата беше нивниот идеал. Зборник на паднати борци во НОВ и на жртите на фашистичкиот терор од Кичево и Кичевско, Кичево, 1982, 153.С. Мл. Ким Мехмети