МЕТОДИСТИЧКА ЦРКВА ВО МАКЕДОНИЈА

МЕТОДИСТИЧКА ЦРКВА ВО МАКЕДОНИЈА – заедница на верници, поборници на методизмот, со основна цел да се прочистува верата со помош на секојдневно читање на Библијата, со молитва, пост и служење на ближниот, односно водење еден дисциплиниран начин на живеење и поврзување во заедница со оние што го следат па-тот на Исус Христос. Во 1968 г. би-ла преименувана во Евангелскометодистичка црква. Првите евангелско-методистички заедници на територијата на Македонија се основале во Банско (Пиринско) во 1868, во Битола во 1873, во Струмица и во околните села во периодот од 1882–1890 г., како и во повеќе градови и села во Егејскиот дел на Македонија. Евангелско-методистичката црква во РМ има 13 заедници, во кои членуваат околу 5.000 верници. Седиштето на црквата е во Струмица. ЛИТ.: Историја на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија, Скопје, 2003. М. Таш.