МЕЛЕТИЈ Ⅱ – софиски митрополит и охридски архиепископ (24. Ⅹ 1676 – втората половина на 1677). На функцијата бил избран со особена благонаклоност на цариградскиот патријарх. Патувал за барање помош во Русија. Познат е како составувач на кодекс на Охридската архиепископија (1. Ⅴ 1677). Се откажал од функцијата од финансиски причини и под притисок на изневерените очекувања на фанариотите. Со препорака од цариградскиот патријарх Партениј (1680) заминал во Молдова и Малорусија и шест години служел во црквата „Св. Михаил“ во градот Нежин. При приемот, рускиот цар (8. Ⅶ 1686) му подарил крст од скапоцено дрво. Престојувал во Троицката лавра, но од здравствени причини бил принуден да се врати во Малорусија, каде што се претставувал како охридски патријарх. По писмен протест од ерусалимскиот патријарх Доситеј во Москва и неговиот тамошен распит, руските власти му забраниле така да се именува. ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архиепископиџ, т. 2. От падането $ под турците до нејното униќожение (1394–1767), Софиџ, 1931; Јован Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија), „Годишен зборник“ на Богословски факултет „Свети Климент Охридски“, кн. 8, Скопје, 2002, 65–66. С. Мл.