МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАВАЊЕ НА РМ

МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАВАЊЕ НА РМ – процес на констатирање на фактот на (ре)конституирање на РМ како субјект во меѓународното право и политика што започнува да тече по доставувањето на сетот од документи: Пис-мо на претседателот Киро Глигоров до сите шефови на држави и на влади во светот за признавање на РМ (2. ⅩⅠⅠ 1991); Писмо на министерот за односи со странство д-р Денко Малески до министрите за надворешни работи во светот за признавање на РМ (2. ⅩⅠⅠ 1991); Декларација на Собранието на РМ за меѓународно признавање на РМ како суверена и независна држава (19. ⅩⅠⅠ 1991) и Пис-мо на министерот за односи со странство д-р Денко Малески до претседавачот со ЕЗ Ханс ван ден Брук за информирање дека Собранието на РМ ги прифаќа Насоките за признавање на новите држави во Источна Европа и СССР и Декларацијата за Југославија и изразување желба за меѓународно признавање (20. ⅩⅠⅠ 1991), испратено по покана од Советот на министри на ЕЗ содржана во Декларацијата за Југославија (Брисел, 17. ⅩⅠⅠ 1991), во утврдениот рок (до 23. ⅩⅠⅠ 1991), со кои формално-правно РМ им обрнува внимание на постојните држави на фактот на постоење на РМ како нов/(ре)конституиран субјект со сите белези на државност – носител на правото на добивање меѓународно признавање. Киро Глигоров со меѓународните посредници за бивша Југославија – Столтенберг и Лорд Овен Процесот на признавање на РМ е долготраен, макотрпен, противречен, преседан во меѓународното право. По повод признавањето на државите произлезени од расОбраќањето на Киро Глигоров пред Генералното собрание на ООН при приемот на РМ (8. Ⅳ 1993)