МАНГОВСКИ, Петар

МАНГОВСКИ, Петар (с. Велушина, Битолско, 19. Ⅷ 1909 – Скопје, 2002) – член на АСНОМ и универзитетски професор, правник. Гимназија завршил во Битола, а Правен факултет во Белград. Докторирал на Правниот факултет во Бел-град, на тема „Правните аспекти на Арапската лига“. По основањето на Правниот факултет во Скопје, избран за доцент на предметот Меѓународно јавно право (1953), потоа за вонреден (1959) и за редовен професор (1962). Бил член на илегалниот Народноослободителен одбор за градот Битола, член на Првото заседание на АСНОМ (1944), југословенски дипломат во Софија и во Отава (1945–1950) и судија на Врховниот суд на НРМ (1950). Бил декан на Правниот факултет во Скопје (1959–1961). Објавил поголем број научни трудови; автор на првиот учебник по предметот меѓународно јавно право на македонски јазик. БИБ.: Регионализмот во меѓународното право, Скопје, 1965; Меѓународно јавно право, Скопје, 1975. ЛИТ.: Правен факултет – Педесет години 1951–2001, Скопје, 2001. Св. ш.