МАНГОВИЦА

МАНГОВИЦА – ниска планина што се протега помеѓу Кумановската Котлина на север, Овче Поле на запад, долината на Брегалница на југ и долината на Злетовска Река на исток. Највисок врв е Асаница (874 м). Други поистакнати делови се Грамада (849 м) и Челебиско Трло (731 м). Планината речиси целосно е гола и сиромашна со вегетација, па на нејзините планински страни интензивно е развиена рецентна ерозија на почвата. Т. Анд. Петар Манговски