МАНАСКОВ, Пепи (Велес, 19. Ⅷ 1964) – ракометар. Завршил Виша земјоделска школа во Битола (1989). Бил член на Ракометниот клуб „Борец“ во Велес (1980–1983). Играл за РК „Пелистер“ во Битола (1983–1990), потоа во Франција, Германија и Словенија (осум години) и во неколку домашни екипи (1983– 2006). Бил репрезентативец на Југославија (од 1985) и на Македонија (1992– 2001). Играл во квалификациите и на Светското првенство во Египет (1999). Настапил во квалификациите за европски првенства (1996, 1998 и 2000) и во завршните натпревари во Италија (1998). Како најдобар стрелец значајно придонесувал за успесите на екипите во кои играл. Д. С.