МАЛЕШЕВСКИ ПЛАНИНИ

МАЛЕШЕВСКИ ПЛАНИНИ – средновисоки планини во источниот дел на РМ. Припаѓаат на громадните планини од Родопската маса. Се протегаат лачно во правец јз–си. Должината на главното било изнесува 32 км. Билата се заоблени, а највисоки врвови се Џами Тепе (1.801 м) и Ченгино Кале (1.748 м), најисточната точка на РМ. Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци, а во пониските делови спрема Беровската Котлина се покриени со неогени седименти. Преку билото на планината минува делумно македонско-бугарската граница. На највисоките делови се наоѓа изворскиот дел на реката Брегалница. Билата се голи додека планинските страни се покриени со букова и дабова шума. Т. Анд. Црквата „Мали Св. Врачи“ во Охрид