МАЛЕСКИ, Денко

МАЛЕСКИ, Денко (Скопје, 14. Ⅺ 1946) – правник и унив. професор, државники дипломат. Дипломирал (1970) и магистрирал на Правниот факултет во Скопје на тема „Општествено-политичкиот систем на СФРЈ“ (1976). Докторирал на Правниот факултет во Љубљана (1981). Бил избран за асистент на Правниот факултет во Скопје по предметот современи политички системи и за доцент, вонреден и редовен професор по Меѓународна политика. Бил визитинг професор на Универзитетот Боулинг-Грин, Охајо, САД (1990–1991). Бил министер за надворешни работи на РМ (19911993) и шеф на Постојаната мисија на РМ кај ООН (1993 –1997). БИБ.: Современи политички системи, Скопје 1987; Меѓународна политика, Скопје 2000. ИЗВ.: Архива на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Скопје, 2007. Св. ш. и Т. Петр. МАЛЕЦКИ, Мјечислав (Миецзѕсљањ Маљецки) (Мјелец, Полска, 14. Ⅶ 1903 – Клоцко, Полска, 3. Ⅸ 1946) – полски лингвист, славист, балканист, дијалектолог, истражувач на јужнословенските дијалекти, прв полски македонист. Во триесеттите години на минатиот век водел интензивни истражуваМјечеслав Малецки ња во Егејскиот дел на Македонија. Б. Видоески многу високо ја оценува точноста на теренските записи на М. Резултат на неговите истражувања се неколку расправи и две книшки: текстови од Сухо и Висока во Солунско (Кракшњ, 1934) и речник на тие два говора (Кракшњ, 1936). Во статијата З загадниев диалектологии мацедовскиеј („Роцзник Слањистѕцзнѕ“; ⅩⅣ, 1938) М. дава оцена на трудовите на другите автори од областа на македонската дијалектологија и констатира дека македонските дијалекти претставуваат индивидуален дијалектен тип што може да се нарече македонски јазик. Повеќето македонистички трудови од М. се одново објавени во Краков во томот под наслов Диалектѕ полские и сљоњиавские (Кракшњ 2004). ЛИТ.: Ин мемориам Миецзѕсљањ Маљецки, Зесзѕтѕ наукоње УЈ ДЦЦЏЏЏВ, Њарсзања Кракшњ, 1987. З. Т. Карта на Малешевијата