МАЛЕСКИ, Владо

МАЛЕСКИ, Владо (Струга, 5. Ⅸ 1919 – Струга, 23. Ⅸ 1984) – раскажувач, романсиер, втемелувач на современата македонска проза, сценарист, публицист, основач на „Разгледи“, новинар, дипломат. Бил директор на Радио Скопје и уредник, покрај на „Разгледи“, и на списанијата „Нов ден“ и „Современост“. Работел во дипломатска служба (амбасадор во Либан, Етиопија и Полска) и бил член на Претседателството на СРМ. Член е на ДПМ од 1946 г. Владо Малески е автор на еден не толку голем, но значаен книжеВладо Малески вен опус. Првата негова творечка фаза се врзува со пишување поезија, раскази и едночинки, со преведување, издавање билтени и весници. Неговите песни, кои прераснуваат во народни, се своевидна лирска историја на тогашното време. Во првата книга на Рациновите „Македонски народноослободителни песни“ е објавен и текстот на неговата „Денес над Македонија“ (денес химна на РМ). Во текот на својот четириесетгодишен книжевен ангажман објавува неколку книги. Во 1976 г. издавачката куќа „Култура“ ги објави неговите „Одбрани дела“ во пет тома. Во 1951 г. Малески се јавува и како автор на сценариото за првиот македонски игран филм „Фросина“. По нешто повеќе од Сцена од филмот „Фросина“ (1951) десетина години (1963) неговиот роман „Она што беше небо“ е адаптиран како драмски текст под наслов „Богомилска балада“ од страна на Милан Ѓурчинов и Илија Зафировски, поставен и игран на сцената на Драмскиот театар во Скопје во сезоната 1964/65 г. По десет години (1974) во адаптација и режија на Димитрие Османли е прикажан играниот ТВ-филм „Прва вечер“, според истоимениот расказ на овој автор. Малески својата свртеност кон модернизмот ја изрази преку скришната теориска полемика со нагласениот авангардизам во нашата средина, манифестирана во статијата „Конспекти“, објавена во три дела: „Нон поссимус“, „Околу првото прашање на теоријата на уметноста“ и „Уметникот мора, сака и може“ објавени во сп. „Разгледи“ (1954) во броевите 19, 20, 21. Неговото книжевно дело уметнички се доживува секогаш современо и комплексно. ДЕЛ: збирки раскази: Ѓурѓина алова (1950) и Бранувања (1953); романи: Она што беше небо (1958), Војната, луѓе, војната (1967), Разбој (1969), Записи на Езерско Дримски (1980) и Јазли (1990, постхумно); Кажувања (дневнички записи од НОБ, 1976) и Разгледи (книга есеи, огледи и полемички прилози, 1976). ЛИТ.: Блаже Ристовски, Македонски народноослободителни песни, Скопје, 1974; истиот, Македонскиот стих 1900–1944. Истражувања и материјали, Скопје, 1980, 441–446; Миодраг Друговац, Историја на македонската книжевност ⅩⅩ век (1990); Венко Андоновски, Структурата на македонскиот реалистичен роман (1997); Ангелина Бановиќ-Марковска, Ликови – антагонисти, 2001; Христо Георгиевски, Македонскиот роман 1952–2000 (2002). В. М.-Ч. Денко Малески