МАЛЕСКА-ТРОЈАЧАНЕЦ, Параскева (Скадар, Албанија, 26. Ⅶ 1930 – Скопје, 11. Ⅲ 2006) – новинар и спикер. Откако репатрирала (1948) во Македонија, се вработила во Радио Скопје, каде што останала цели 33 години, до пензионирањето (1981). Била член на „Малцинската“ редакција. По проширувањето на програмата на албански јазик била автор и спикер на: „школска емисија“, „Радиодрама“, „Емисија за земјоделците“, „Педагошки совети“, „Емисија за жената“ и други. Ј. Ф.