МАКСИМОВИЌ, Десанка (Рабровица, Србија, 16. Ⅴ 1898 – Бел-град, 8. Ⅶ 1993) – значајна српска поетеса која остварила мошне вреден и разновиден поетски опус. Била член на САНУ. Добитник е на Златниот венец на СВП во 1988 г. БИБ.: Збирки песни: Песни, 1924; Градина на детството, 1927; Зелениот витез, 1930; Мирисот на земјата, 1955; Заробе-Десанка Максимовиќ ник на соништата, 1959; Барам помилување, 1964; Зборувај тивко, 1961; Немам повеќе време, 1973; Летопис на Перуновите потомци, 1976; Ничија земја, 1979; Слово за љубовта и Меѓници на сеќавањето, 1983. Раскази: Лудилото на срцето, 1931 и др. Романи: Бунтовниот клас, 1960 и други. Исклучително место зазема како детски и младински поет (Пајаковата лулашка, Распеани приказни и др.). ЛИТ.: „Поезија“, СВП, Струга, 1988; Слободан Мицковиќ, Поетското дело на Десанка Максимовиќ, Ск., 2001. П. Гил. Џемаил Максут