МАКЕДОНСКО ФАРМАЦЕВТСКО ДРУШТВО – професионално здружение на фармацевтите во Македонија, формирано во 1947 г. како Друштво на аптекарите на НР Македонија, потоа како Фармацевтско друштво на Македонија, а од 2000 г. Македонско фармацевтско друштво. Има активна улога во професионалното и стручното живеење на фармацевтите во Македонија, организатор е на многубројни стручни собири на фармацевтите. Досегашни претседатели: А. Симов (1974–1976), Л. Толов (1976–1980), В. Трајковиќ (1980–1984), К. Доревски (1984-1986), М. Дамјановски (1986– 1988), Б. Киковски (1988–1992), В. Сарафиловски (1992–1994), Т. Ристов (1994-2000) и С. Трајковиќ–Јолевска (2000–). Л. П.-Т.