МАКЕДОНСКО НУМИЗМАТИЧКО ДРУШТВО

МАКЕДОНСКО НУМИЗМАТИЧКО ДРУШТВО. Македонското нумизматичко друштво е основано во 1972 год. во Скопје и под тоа име фукнкционира до 1996 год. кога се пререгистрира и продолжува да работи под името Нумизматичко друштво „Паионон“ Скопје. Друштвото е сновано како доброволно здружение на граѓани и денес брои осумдесетина активни членови. Основни цели на друштвото се популаризацијата и унапредувањето на нумизматиката, активна соработка со постојните музејски институции на полето на нумизматиката, организирање и учество во повремени нумизматички изложби и др. П. Ј.