МАКЕДОНСКИ ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ (Женева, швајцарија, почеток на 1899) – комитет основан од македонски интелектуалци, студенти на тамошните универзитети, по иницијатива на д-р Георги Капчев, за да ги претставува интересите на Македонија. Централниот комитет објавил „Апел до заштитниците на човековата совест, праведноста, мирот и човечноста“ (12. И 1899) за да се спаси македонскиот народ од ужасниот терор и од насилствата на режимот на османлиската држава со создавање автономна македонска држава со центар во Солун. Комитетот организирал две конфернции одржани во Женева (17–18. Ⅱ и 19. Ⅱ), посветени на состојбите во Македонија и за решавање на македонското прашање. ЛИТ.: Христо Андонов-Полјански, Апе-лот на Ѓорѓи Капчев од 1899 година, Го-дишен зборник на Филозофскиот факултет, 22, Скопје, 1970; Михајло Миноски, Федеративната идеја во македонската политичка мисла, Скопје, 1985. М. Мин.