МАКЕДОНСКИ НАУЧЕН ИНСТИТУТ

МАКЕДОНСКИ НАУЧЕН ИНСТИТУТ (Софија, 21. ⅩⅠⅠ 1923 – 1944; 1944–1949; 1990–) – научна и културна институција на македонските емигрантски братства во Бугарија. Основана од научници, писатели, публицисти, уметници, општественици и др. културни дејци по потекло од Македонија со цел да ги проучува: историјата, етнографијата, географијата, стопанскиот живот, ослободителните борби во Македонија. Прв претседател бил проф. Иван Георгов. МНИ го издавал тримесечното списание „Македонски преглед“ (1924–1943). По Втората светска војна во т.н. „Димитровски период“ Институтот ја обновил работата ориентиран на научната работа по македонското национално прашање. Новиот МНИ го издавал сп. „Македонска мисÍл“. Во 1990 г., по иницијатива на ВМРО-СМКПД (ВМРО – Сојуз на македонските културно-просветни друштва), во Софија бил обновен МНИ на првичните позиции, како и издавањето на сп. „Македонски преглед“. ИЗВ. и ЛИТ.: Сто®н Германов, АлександÍр Гребенаров, Документи за деŸността на Македонски® научен институт (1923–1990), „Македонски преглед“, бр. 2, Софи®, 1995; 70 години Македонски научен институт, „Македонски преглед“, бр. 1, Софи®, 1994. З. Тод. МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛЕН АРХИТЕКТОНСКИ СТИЛ