МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ (МАНУ) – највисоката самостојна научна и уметничка јавна установа во Република Македонија, основана на 23. Ⅱ 1967 год. во Скопје со прв претседател Блаже Конески. Нејзините историски корени се темелат врз културната традиција особено од крајот на ⅩⅠⅩ и почетокот на ХХ век. Македонското научно-литературно другарство во С.-Петербург (1902– 1917), на чело со Д. Чуповски, идејно и практично ги поставува основите на современата македонска национална наука и култура. Со својата програма (12. Ⅺ 1902) ги формулира целите и задачите, а со Уставот (16. ⅩⅠⅠ 1903) Другарстото ги покажа современите состојби и развојните перспективи на македонскиот народ: го кодифицира и првпат статутар-Првата свечена седница на Македонската академија на науките и уметностите (1967) но го воведува македонскиот јазик во службена употреба, ја објавува првата книга („За македонцките работи“, 1903) и првото научно-литературно списание („Вардар“, 1905) на тој јазик и правопис, ги прави подготовките за македонски училишта и учебници, ја отпечатува првата карта на Македонија на македонски јазик (1913) и го објавува првото национално периодично издание (на руски јазик) „МакедонскиŸ голосÍ (Македонски глас)“ (1913–1914), а со програмата на Македонскиот револуционерен комитет (1917) ја овоплотува државносната визија. Негов идеен следбеник и продолжител е Македонскиот литературен кружок во Софија (1936– 1942), а негови членови стануваат и едни од основачите на денешната МАНУ. Научната и уметничката дејност на МАНУ се развива преку научноистражувачки проекти во петте одделенија (за лингвистика и литературна наука, за општествени науки, за математичко-технички науки, за билошки и медицински науки и за уметност) и преку петте научноистражувачки центри (за генетско инженерство и биотехнологија, за енергетика и информатика, за ареална лингвистика, за стратегиски истражувања и Лексикографскиот центар). Изборот за членови на МАНУ се врши на три години. Членовите на Академијата се редовни (академици), членови надвор од работниот состав и почесни членови. Органи на Академијата се Собранието (го сочинуваат редовните членови) и Претседателството (составено од претседателот, потпретседателите и секретарот (како членови на Извршниот одбор), секретарите на одделенијата и избраните членови). Академијата организира индивидуални и колективни проектни истражувања, научни и свечени собири, изложби, концерти, литературни читања, предавања и други приредби, а во рамките на издавачката дејност објавува свои периодични органи („Прилози“, „Летопис“, „Билтен“, „Пристапни предавања, прилози и библиографија на новите членови на МАНУ“ и др.) и зборници од научни собири, монографски студии и други посебни изданија. МАНУ има своја Библиотека што врши услуги на читателите и прави размена на публикациите со други академии и научни институции во земјата и во светот, како и посебен Архив што е на располагање на членовите, но и на надворешни заинтересирани корисници и Оддел за меѓународна соработка што ја организира и ја води соработката со многу странски академии и други научни институции. ИЗВ.: Закон за Македонската академија на науките и уметностите. Статут на Македонската академија на науките и уметностите, Скопје, 1997; Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 2000. Бл. Р. Зградата на Македонската академија на науките и уметностите, Скопје