МАКЕДОНИЗАМ

МАКЕДОНИЗАМ – национална концепција (во бугарската научна литература и публицистика со негативна конотација) во борбата за етно-културна и државно-политичка еманципација на македонскиот народ како посебен ентитет во словенскиот свет. Се изразува од половината на ⅩⅠⅩ в. како процес за афирмација на посебноста на македонскиот јазик, историја и култура и за обновување на Охридската архиепископија како македонска црква. Македонизмот прв јавно го апострофира бугарскиот културно-национален деец П. Р. Славејков (18. И 1871), го прокламира Ѓ. М. Пулевски (1875), а лозарите (1892) и К. П. Мисирков (1903) го преименуваа како „македонски национален сепаратизам“, додека Б. Конески (1949) го афирмира како посебна струја во националноослободителното движење. Бл. Р.