МАЈСКИ МАНИФЕСТ (1924) – манифест на ВМРО со новата политичка програма за единство во дејствувањето на македонските револуционерни сили. Бил составен по долги преговори на претставниците на ВМРО, Коминтерната и Македонската федеративна организација, потпишан во Виена (6. Ⅴ 1924) од членовите на ЦК на ВМРО А. Протогеров, П. Чаулев и Т. Александров. Со Манифестот кон македонскиот народ и македонската емиграција раководството го запознавало и општественото мислење на Балканот за претстојната борба на Организацијата за ослободување и за обединување на раскинатите делови на Македонија. Апелирало до сите револуционерни сили да се обединат за создавање единствен македонски револуционерен фронт што ќе работи и за единствен балкански револуционерен фронт. ЛИТ.: Предавниците на македонското дело. ЦК на ВМРО(Об). Редакција и коментар Иван Катарџиев, Скопје, 1983; Димитар Влахов, Мемоари, Скопје, 1970. З. Тод. МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ