ЛУДВИГ, Алфред . офталмолог, основоположник на Клиниката за очни болести на Мед. ф. во Скопје и прв директор на Клиниката и наставник по офталмологија (1948). Дојден од Прага, со голем ентузијазам ги поставил темелите на современата македонска офталмологија, а особен интерес и придонес покажал за трансплантација на рожницата. Во Скопје останал до 1952 г. и потоа се вратил во Прага. Бр. Н. Јелена Лужина