ЛОКАЛНИ ТИПОВИ НА СТАРОСЛОВЕНСКИОТ ЈАЗИК. Најстарата развојна фаза на јазикот на словенската писменост, старословенската, траела од 863 г. до крајот на XI в. Ракописно е зачувана фрагментарно во преписи од Ⅹ–XI в., репрезентативни по блискоста до кирило-методиевската основа на јазикот. Сепак, нивниот јазик содржи и локални обележја на новите јазично-етнички средини, кои овозможуваат разликување на неколку локални типови на стсл. јазик, кој во својата основа е единствен. Кирило-методиевското наследство најдобро е зачувано во македонските и во бугарските преписи извршени во Охридската и во Преславската школа. Овие нови центри на словенската писменост, оформени од учениците на Кирил и Методиј, прогонети од Велика Моравија по Методиевата смрт (885), играат најголема улога во натамошниот развиток и ширењето на словенската писменост. Уште во XI в. тие претставуваат исходиште за руската писменост, а подоцна и за српската и романската цсл. писменост. Македонскиот тип на стсл. јазик тесно е поврзан со дејноста на Охридската книжовна школа. Се истакнува со особено почитување на кирило-методиевските традиции, употреба на глаголицата и подолго задржување на архаични граматички и лексички средства. Најпознати глаголички споменици од Охридската школа се: Зографското ев., Марииното ев., Асемановото ев., Синајскиот псалтир, Синајскиот евхологиј (?). Потекнуваат од крајот на Ⅹ и од XI в. Бугарскиот тип на стсл. јазик е тесно поврзан со дејноста на Преславскиот центар, чија литературна дејност доживува особен ОХРИДСКА КНИЖЕВНА ШКОЛА: расцут во времето на царот Симеон (893-927). Во 893 г. официјално се воведува кирилицата, доаѓа до поизразито подновување во јазикот и словенизација на лексиката. Најпознатите споменици се пишувани со кирилица: Савина книга (изборно ев.), Супрасалски зборник (мартовски минеј) и Енински апостол, сите од XI в. ЛИТ.: (избор) В. Н. …епкин, Разсуждение о язÎке Саввиной книги, С-Петербург, 1901; К. Мирчев, Хр. Кодов, Енински апостол. Старобългарски паметник от XI век, София, 1965, (изд.); Ј. Заимов, М. Капалдо, Супрасълски или Ретков сборник в два тома, 1, София, 1982, 2, София, 1983 (најново изд.); зб. Преславска книжовна школа 1, шумен, 1995, 2, шумен, 1997; О. А. Князевская, Л. А. Коробенко, Е. П. Дограмаджиева, Саввина книга. Древнеславянская рукописÏ XI-Ⅻ и конца ⅩⅠⅠⅠ века, 1, РукописÏ. Текст. Комментарии. Исследование, Москва, 1999. Чешкиот тип на стсл. јазик директно се надоврзува на моравската норма што го потврдуваат Киевските ливчиња (мисал) од Ⅹ в. Застапен е со Прашките глаголички одломки од XI в. Иако чешкиот тип опстојува само до крајот на XI в., кога е забранета словенската литургија во Чехија, тој се јавува како суперстрат пред сè во јазикот на хрватската, но и на најстарата руска писменост. ЛИТ.: (избор) В. Вондрáк, Опу °воду Кѕјевскýцх листу° аПражскýцх зломку° а о бохемисмецх в старšъцх църкевн2слованскýцх памáткáцх ву°бец, Праха 1904; В. В. Нимчук, КиïвсÏки глаголични листки – най-давниша пам’ятка писемности, Киïв, 1983; З. Хауптовá, Църкевн2слованскé пъсемництвъ в п5емѕсловскýцх Чецхáцх, Јазѕк а литература в хисторицкé перспектив2, Универзита Јана Евангелистѕ Пуркѕн2, Úстъ над Лабем 1998, 5-42; Ф. В. Мареš, Пражскéзломкѕа јејицх п5едлоха в св2тле хлáскословнéхо розбору; Пражскé зломкѕ а јејицх пу°вод в светл2 леџикáлнъхо розбору, Цѕрилом2тодејскá традице а славистика, Праха 2000, 347-354, 355-367. Панонско-словенечкиот тип на стсл. јазик бил во употреба во 869–873 г., до забраната на словенската литургија во Панонија. Неговото постоење е потврдено со Фризиншките одломки од Ⅹ–XI в., кои делумно се поврзуваат со преткирило-методиевските мисии (исповедни молитви преведени од старовисокогерманскиот), додека поуката пред исповед (2. лист) има кирило-методиевско потекло. Запишани се со латиница. ЛИТ.: (избор) Ј. Зор, Брижински споменики. Знанствено-критична издаја, САЗУ, Разред за филолошке ин литерарне веде, Дела, 39, Лјублјана, 1993; Зборник Брижински споменики, САЗУ, Разред за филолошке ин литерарне веде, Дела, 45, Лјублјана, 1996. Хрватскиот тип на стсл. јазик има великоморавски и чешки корени (покрај балканските, особено македонските). Најстарите споменици потекнуваат дури од самиот крај на стсл. период. Тоа се Виенските глаголички листови (мисал) од XI–Ⅻ в. и т.нар. Башчанска плоча (ок. 1077). До расцут на словенската писменост пишувана со хрватската аглеста глаголица доаѓа подоцна, особено во ⅩⅠⅠⅠ–ⅩⅤ в. ЛИТ.: (избор) В. Јагиц, Глаголитица. Њурдигунг неунтдецтер Фрагменте, Пхилос.-хист. Классе, 38, 2, 1890 (изд. на Виенските л.); Е. Херцигонја, Среднјовјековна кнјижевност, Загреб, 1975; истиот, Трописмена и тројезична култура хрватскога среднјовјековлја, Загреб, 1994. Зд. Р.