ЛОВНА КИНОЛОГИЈА

ЛОВНА КИНОЛОГИЈА – наука за ловните раси кучиња. Според најновата систематизација на Меѓународната кинолошка федерација (Федеретион цѕнологиљуе интернатионал, ФЦИ), ловните раси кучиња се распоредени во следните групи: Ⅲ група – териери (29 раси); Ⅳ група – јазовичари (9 раси); Ⅵ група – гоничи (терачи), крвоследници и сродни раси (70 раси); Ⅶ група – птичари, континентални, британски и ирски (28 раси); Ⅷ група – ретривери, душкачи и кучиња за вода (19 раси). Во РМ најзастапени се следниве раси: српски (балкански) гонач, босански островлакнест гонач (барак), хрватски (посавски) гонач, тробоен гонач (тробоец), германски кусовлакнест птичар, германски островлакнест птичар, епањел бретон, поентер, англиски и ирски сетер. В. Мал.