ЛОВЕЧКИ ТРОФЕЈ

ЛОВЕЧКИ ТРОФЕЈ – дел од дивечот или цело животно подготвено или препарирано (за да се зачува подолго време). Трофеите се траен, материјален доказ за квалитетот на дивечот, а со тоа и за вредноста на определено ловиште. Со развојот на општеството се менувало и значењето на трофеите. Во денешно време ловечките трофеи претставуваат и материјал за типолошки истражувања, а со споредување на трофеите од ист вид можат да се проценат генотипските и фенотипските карактеристики на дивечот на потесно или на пошироко подрачје. Според Меѓународниот совет за лов и заштита на дивечот (Цонсеил Интернатионал де ла Цхассе, ЦИЦ), ловечките трофеи се оценуваат според меѓународно признаени формули. Главни трофеи на видовите дивеч во РМ се: а) за обичен елен, елен лопатар и срна – рогови со дел од челната коска; б) за дивосликар, педагог, еден од основотивно-политички неделник на ал „ЛОЗА” коза и муфлон – рогови или цела, препарирана глава; в) за див вепар – заби очници; г) за мечка, волк, рис и дива мачка – череп и кожа (се оценуваат одделно); д) за јазовец – череп. В. Мал.