ЛИТИ, Абдурахман (с. Желино, Тетовско, 1945) – правник, амбасадор на Република Македонија во РБ. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1969). Се вработил во Градскиот совет и подолго време останал на работа во Собранието на Општината во Тетово (1969-1988). Како претседател на Комитетот за здравство и социјална политика, поради залагање за поголеми политички права на Албанците во СРМ, бил отпуштен од работа. Беше лидер на ПДП во времето кога беше водечка партија на Албанците во РМ. На првите демократски парламентарни избори беше избран за член на Парламентот (1991). Како пратеник на ПДП од вторите парламентарни избори (1994), заедно со Тито Петковски од СДСМ и Киро Поповски од СП, беше избран за заменик-претседател во Парламентот. С. Мл.