ЛИСИМАХ

ЛИСИМАХ (Лѕсимацхос) (Пела, ок. 350 – Куропедион, во Лидија, 281 пр.н.е.) – македонски великодостојник, соматофилакс на Александар Ⅲ Македонски и еден од дијадосите по неговата смрт. Ги добил на управување Тракија и полуостровот Херсонес. Подоцна ги завладеал хеленските колонии на западниот брег на Црното Море и ја проширил територијата до утоката на р. Дунав. Учествувал во борбите на коалицијата на Касандар, Селевк и Птолемај против Антигон Ⅰ Едноокиот (315 пр.н.е.). Ја основал својата нова престолнина градот Лисимахија (309 пр.н.е.) Подоцна, по примерот на другите дијадоси, се прогласил за крал (306 пр.н.е). Во битката кај Ипсос (301 пр.н.е.), заедно со Селевк, го поразил Антигон Ⅰ и ја завладеал Северна и Централна Мала Азија. Во договор со епирскиот крал Пир, ја нападнал Македонија и ги освоил источномакедонските територии до р. Вардар (288 пр.н.е.). По заземањето на Македонија и Тесалија без борба, истиснувајќи го Деметриј Полиоркет (285 пр.н.е.), се прогласил за крал на Македонија (284 пр.н.е.). Загинал во битка против Селевк. По неговата смрт, кралството се распаднало на повеќе самостојни владенија. ИЗВ.: Арриани, Анабасис, Липсиае, 1907; Љ. Цур-ти Руфи, Хисториарум Алеџандри Магни Мацедонис, Липсиае, 1893; Диодори, Библиотхеца хисторица, Леипзиг, 1896; Плутарцхи, Витае Паралеллае, Липсиае, 1921. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995. К. М. – Р.