ЛИСАБОНСКА ДЕКЛАРАЦИЈА – популарен назив на Декларацијата на Европскиот совет на ЕЗ за поранешна Југославија (27. Ⅵ 1992), во која се изразува подготвеност за признавање на „ПЈРМ” во рамките на нејзините постојни граници, во согласност со Декларацијата од 16. Ⅻ 1991 г., под име што не го содржи поимот Македонија. ИЗВ.: Декларација за Југославија, 27. Ⅵ 1992, „Меѓународна политика”, бр.1005-6/92. Т. Петр. Лисимах