ЛИПА

ЛИПА . (Тилиа Л., фам. Тилиацеае) – род со околу 30 вида листопадни дрвја во умерената зона на Северната хемисфера. Листовите се срцевидни, по работ назабени и на долга дршка. Миризливите цветови (медоносни и лековити) се во соцветија врз долга дршка, која до половината е срасната со јазичеста брактеа. Плодот е топчесто оревче, тврд, со 1-2 семки. Во планините на РМ, природно се застапени: ситнолисната (Т. цордата Милл.), големолисната (Т. оффицинарум Грантз.) и сребренолисната липа (Т. томентоса Моенцх.). Сите три се големи и декоративни дрвја, со многу квалитетно дрво. Најчесто се среќаваат во клисурите на планинските реки. Ал. Анд.