ЛИКОВНИ ГРУПИ. По 1945 г. се формирани шест автохтони позначајни ликовни групи. Најстара е реформаторската група Денес (1953), сосредоточена врз осовременување и социјализација на уметноста. Во групата ВДИСТ (1955) членувале битолски умет-ЛИКОВНИ КОЛОНИИ – организирано дејствување на ликовните уметници во алтернативни простори во помалите градови и места. Овие слободни акции имаат придонес за значајна децентрализација на ликовната уметност. Најчесто се одржуваат во манастири, културни домови или во хотели и имаат меѓународен карактер. Од триесетината ликовни колонии, најзначајни и со најдолга традиција се Прилепската (1957), Струмичката (1964), Ресенската (1973) и Галичката (1990). С. Аб.-Д.